Студентот, кој уби вчера најмалку 15 лица во пукањето на Карловиот универзитет во Прага, можно е да биде одговорен и за убиството на маж и бебе во Клановице.
-Многу сериозно ги истражуваме наводите, кои се многу реални во моментов, дека напаѓачот од Филозофскиот факултет е одговорен и за две жртви од крајот на минатата недела во Клановице, изјави на прес конференција началникот на полицијата Мартин Вондрашек, пишува чешкиот портал „Новинки“.
Засега непознато лице, на 15 декември, во местото Клановице застрелало 32-годишен маж и неговата двомесечна ќерка, но полицијата се уште го нема пронајдено одговорниот за двојното убиство.
На Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет, на плоштадот Јан Плач, во Прага, вчера дојде до пукање во кое загинаа 15 лица, а 30 се повредени, додека напаѓачот е убиен.
Чешката полиција соопшти и дека таткото на осомничениот за пукањето вчера бил пронајден мртов
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.