Палестински напаѓач уби двајца еврејски доселеници во нивниот автомобил во окупираниот Западен Брег, соопштија израелските власти.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, што се случи кога израелските и палестинските безбедносни претставници се состанаа во Јордан за да разговараат за намалување на тензиите.

Лекари соопштија дека жртвите на нападот, што се случил во близина на Хавара, област каде што се чести вакви инциденти, биле мажи на возраст од дваесетина години жители на населбата Хар Браха, оддалечена осум километри од местото на инцидентот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.