Внуката на врховниот ирански верски водач, ајатолахот Али Хамнеи, опозиционерката Фарида Морадкани е уапсена во Иран.

Таа беше уапсена откако ги повика странските влади да ги прекинат сите врски со Техеран поради насилното задушување на протестите предизвикани од смртта на една млада Иранка во полициски притвор.

Слободен свету, биди со нас. Кажете им на вашите влади да престанат да го поддржуваат овој смртоносен режим што убива деца. Овој режим не е лојален на ниту еден религиозен принцип и не познава правила, освен сила и останување на власт“, ​​рече Морадкани во видео изјавата што беше споделена на Интернет од нејзиниот брат пред неговото апсење, објави Си-Ен-Ен.

Морадкани рече дека во овој, како што наведе, критичен момент од историјата, целото човештво забележува дека иранскиот народ со празни раце храбро се бори со злите сили.

Таа, исто така, рече дека Иранците се во војна со владите кои го поддржуваат иранскиот режим и ги повика демократските земји да ги отповикаат своите претставници од Иран и да ги протераат иранските претставници од нивните земји.

Иранскиот режим и претходно ја апсеше Морадкани, потсетува Си-Ен-Ен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.