Триесет и шестгодишен маж е уапсен во источната германска покраина Бранденбург за наводно подметнување на неколку пожари во блиската шума.

Локалната полиција информира дека апсењето доаѓа по пријава на сведок кој го набљудувал човекот во саботата. Приведениот е осомничен дека подметнал пожари на четири места во радиус од 500 метри.

Со оглед на тоа што пожарите биле брзо откриени, припадниците на единиците за брза интервенција успеале да ги изгаснат пожарите пред да се прошират.

Во потрагата по осомничениот, кој сега се товари за подметнување пожар, беше вклучен и хеликоптер.

Ротштајн, заедницата каде што човекот наводно ги запалил пожарите, е оддалечен околу 20 километри од шумскиот пожар од големи размери што речиси една недела гори низ јужниот дел на Бранденбург.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.