Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, изјави дека Турција и Унгарија се во тесна координација во врска со ратификацијата на членството на Шведска во НАТО.

На заедничката прес-конференција со неговиот унгарски колега Петер Сијарто, Фидан истакна дека Шведска презела одредени чекори како одговор на барањата на Турција во врска со борбата против тероризмот, но оти очекува дополнителни чекори од Стокхолм.

Турскиот парламент ќе расправа за ратификацијата на членството на Шведска во НАТО кога ќе продолжи со работа наесен, во октомври.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на 10 јули даде зелено светло за прием на Шведска во НАТО, што тој го блокираше повеќе од една година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.