Надлежните власти во Турција оваа година не дале дозвола за одржување на Свечената литургија во манастирот Сумела за празникот Успение на Богородица на 15 август, соооштија од Вселенската Патријаршија, јави дописничката на МИА од Атина.

Во православниот манастир во Турција секоја година се одржува Божествена Литургија на 15 август што нема да биде случај и сега.

Ги информираме заинтересираните благочестиви Христијани дека оваа година нема да се изврши Божествена Литургија за празникот Успение на Богородица (15 август) во историскиот манастир на Пресвета Богородица Сумела, бидејќи не беше дадена потребната дозвола од надлежните власти, соопштија од Вселенскста Патријаршија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.