Турција е убедена дека Москва и Киев можат да постигнат мировен договор, и приоритетна задача на Анкара е да организира средба меѓу украинскиот и рускиот претседател Володимир Зеленски и Владимир Путин, изјави Ибрахим Калин портпарол на турскиот претседател.

Мировен договор е можен. Сега се поставува прашањето кога и како тоа ќе се постигне, изјави Калин во интервју за Ал Џезира.

Една од клучните задачи што Турција си ги постави е да организира средба меѓу Путин и Зеленски, додаде Калин.

Според него отворени се канали за комуникација од двете страни.

Тоа е многу важно и нашите напори се насочени кон организирање директна средба меѓу рускиот и украинскиот претседател.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.