Египет, Турција и Саудиска Арабија планираат да поднесат барање за членство во економската заедница БРИКС, составена од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка), објави рускиот весник „Известија“ повикувајќи се на изјава на претседателката на меѓународниот форум на БРИКС, Пурнима Ананд.
„Сите овие земји се заинтересирани за членство и се подготвуваат да аплицираат. Мислам дека ова е добар чекор бидејќи проширувањето секогаш се перципира позитивно, а тоа очигледно ќе го зголеми влијанието на БРИКС во светот”, вели Ананд.
Според неа, пристапувањето на овие земји во унијата нема да трае долго. Таа уште посочува дека на следниот самит може да се очекуваат дискусии и можна одлука за прием на некоја од петте земји, меѓу кои се Аргентина, Египет, Иран, Саудиска Арабија и Турција.
„Се надевам дека пристапувањето на земјите во БРИКС ќе се случи многу брзо, бидејќи сега сите претставници на јадрото на асоцијацијата се заинтересирани за проширување. Така, тоа ќе се случи многу брзо”, уверува Ананд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.