Поранешниот американски претседател Доналд Трамп пристигна во Њујорк, а медиумите јавуваат дека полицијата поставила барикади.

Трамп треба да се појави пред окружниот обвинител на Менхетен, Алвин Брег, каде најверојатно ќе му бидат земени отпечатоци од прст пред да се појави пред судијата – да се изјасни за невин.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера замина од Флорида за Њујорк за да се соочи со обвинувањата дека купил порно ѕвезда со пари од неговата прва претседателска кампања.

Актуелниот американски претседател Џо Бајден изјави за Си-Ен-Ен дека не е загрижен за потенцијалните немири кои би можеле да настанат во Њујорк.

„Имам доверба во њујоршката полиција“, рече тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.