Поранешниот американски претседател Доналд Трамп навести дека може и третпат да влезе во трка за претседателската функција.

Тој на собир во Вашингтон организиран од членови на неговата поранешна администрација изјави дека обидот за негов импичмент и истрагата за нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година, се во насока да го спречат да се кандидира.

Тие сакаат да ве повредат, но навистина сакаат да ме повредат мене за да не работам повторно за вас…Мислам дека нема да успеат, им порача Трамп на своите поддржувачи.

Според извештаите во медиумите, може да се очекува тој во септември да објави дека влегува во трета претседателска кампања.

Иако тоа официјално не го соопшти, во својот говор Трамп навести дека не планира да ја напушти политичката сцена. Напротив, тој рече дека се чувствува принуден да се вклучи, независно, како што рече, „прогонството” наметнато од претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, демократите и Комисијата што го истражува упадот во американскиот законодавен дом.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.