Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека Русија никогаш немаше да ја нападне Украина доколку тој беше претседател.
Тој, исто така, вети дека „ќе ја реши таа ситуација многу брзо“ доколку биде реизбран, истакнувајќи дека многу добро ги познава рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот лидер Володимир Зеленски.
„Русија никогаш не би ја нападнала Украина, јас и Путин одлично се согласуваме… Ситуацијата во Украина е ужасна… И планираме да ја решиме многу брзо. Многу добро го познавам претседателот Путин, многу добро го познавам Зеленски, можам да разговарам со нив и ќе го решиме овој проблем многу брзо“, рече Трамп во говорот по победата на внатрепартиските избори на Републиканската партија во Ајова, пренесува Sky News.
Тој исто така изјави дека „Израел никогаш немаше да биде нападнат“ доколку тој се уште беше претседател и го повтори тврдењето дека последните избори во САД биле украдени.
Тој вети и дека ќе ја запре „инвазијата“ на мигрантите на границата на САД со Мексико. Поранешниот претседател вети дека ќе го „среди светот“ доколку биде реизбран, велејќи дека глобалната „смрт и уништување“ никогаш не биле вака.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.