Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска ќе се појави пред судот во Њујорк под обвинение дека за време на изборната кампања во 2016 година и платил 130.000 долари на порно ѕвездата Сторми Даниелс во замена за нејзиното молчење во врска со наводите за сексуална афера со Трамп.
Откако беше објавено обвинението, судските службеници, претставниците на полицијата во Њујорк и обезбедувањето на Трамп одржуваат состаноци за да го координираат планот за појавување на Трамп – од прашањето по кои ходници ќе помине и кои улици во близина ќе бидат блокирани, до кои локации ќе бидат забрането паркирање.
Трамп долго ги негираше тврдењата на порно актерката дека имале афера, но призна дека и платил непосредно пред да ја победи својата ривалка, демократската кандидатка Хилари Клинтон на претседателските избори во 2016 година.
Тоа е прва кривична постапка против поранешен претседател на САД.Според Си-Ен-Ен, денеска најверојатно ќе се одлучи дали медиумите ќе можат да го пренесат неговото појавување пред судот на Менхетен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.