Шпанската метеоролошка служба соопшти дека топлата воздушна маса, која во Шпанија пристигна од Северна Африка, донесе многу високи температури, па денеска се очекува на некои места да биде и 43 степени.
Метеоролошката служба АЕМЕТ објави дека најтопло ќе биде во југозападниот и централниот дел на Шпанија.
Во градовите како Севиља, Кордоба и Бадахоз се очекуваат температури до 43 степени.
Метеоролозите соопштија дека во Мадрид денеска може да биде и до 38 степени, што е значително над просекот за првата половина на јуни, додека 500 километри понатаму, во Барселона, прогнозата е 32 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.