Амбасадорката на САД при ОН, Линда Томас Гринфилд, на денешната седница на Советот за безбедност на ОН посветена на ситуацијата во Украина изјави дека Русија „фактички ја запали Декларацијата на ОН“.

Во декларацијата се посочува дека ООН се засновани на принципот на суверена еднаквост на сите членови на организацијата, и меѓународните спорови тие треба да ги решаваат по мирен пат.

-Како што предупредувавме на почетокот на годината, веќе нема никакви сомнежи дека Русија има за цел да ја уништи Украина како геополитичка единица и целосно да ја избрише од картата на светот, изјави Томас Гринфилд.

Од руска страна имаше обвинување дека западните држави водат посредна војна против Русија со помош на снабдување со оружје за украинските војници.

-Денацифицирањето и демилитаризацијата на Украина ќе биде спроведена целосно, изјави рускиот претставник во ОН Димитриј Пољански, користејќи ја терминологијата со која Кремљ се служи во описите на војната што ја води против соседната држава.

Заменикот на генералниот секретар на ОН по политички прашања, Розмари Дикарло, констатираше дека воениот конфликт во Украина преминал во „поразвлечена фаза“ и „за жал политичкиот дијалог практично престана“.

-Повеќе не смее да има закани од таа држава ниту за Донбас, ни за Русија, ни за ослободената украинска територија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.