Тешко ранет офицер задолжен за регрутирање во Русија

Свет 26.09.2022 / 10:54
epa10196867 A man walks past the Russian Defence Ministry building in Moscow, Russia, 21 September 2022. The Russian president announced in a televised address to the nation that he has signed a decree on partial mobilization in the Russian Federation, with mobilization activities starting on 21 September. Russian citizens who are in the reserve will be called up for military service. EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Едно лице е повредено во инцидент што се случил во регрутен центар во рускиот далечен исток. Човек вооружен со пиштол отворил оган во центар за воена регрутација во Иркутската област на далечниот исток при што е тешко ранет офицерот задолжен за регрутирање, соопшти официјален претставник на локалните власти.

„Воениот комесар Александар Јелисеев е на реанимација и е во многу тешка состојба. Напаѓачот веднаш е уапсен, ќе биде казнет“, ​​објави преку Телеграм гувернерот на Иркутската област, Игор Кобзев.

Тој рече дека вооружениот инцидент се случил во регрутниот центар во сибирскиот град Уст-Илимск.

На 21 септември рускиот претседател Владимир Путин најави делумна мобилизација во земјата со цел да се зголеми бројот војници за акцијата во Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.

Најнови вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme Bonuslar