Најмалку 16 луѓе загинаа, а 22 се повредени во двојниот судар во близина на градот Газиантеп, објавија турските власти.

Помеѓу загинатите тројца се пожарникари, четворица вработени во брза помош и двајца новинари, изјави гувернерот на Газиантеп, Давут Ѓул.

Спасувачките служби пристигнале на местото на несреќата во која учествувал минибус, а потоа во нив удрил патнички автобус, кој се превртел и се лизгал 200 метри при што удрил во возилото на брзата помош и медиумските екипи.

Двата новинари кои загинаа биле вработени во новинската агенција ИХА.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.