Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска телефонски разговараше со својот руски колега Владимир Путин.

Како што пренесува Анадолија, за време на разговорот, Ердоган му се заблагодарил на Путин за неговиот позитивен став во однос на продолжувањето на Црноморската иницијатива за жито.

Во соопштението од претседателскиот кабинет се посочува дека двајцата лидери разговарале и за чекорите за подобрување на односите меѓу Турција и Русија и за случувањата во врска со руско-украинската војна. При тоа Ердоган посочил дека Турција се залага за што побрзо враќање на мирот преку преговори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.