На интернет денеска се лиферуваше видео на кое талибанците ги навредуваат локалните уметници и ги палат нивните музички инструменти, јавува ДПА.

Се верува дека настанот е снимен во округот Зазаи Арјуб, во провинцијата Пактика, во источен Авганистан, област претежно населена со Паштуни.

На снимката се гледаат двајца музичари претепани од талибанците. Тие им ја кинеле облеката и ги навредувале, а случајните минувачи им се смееле и го снимале инцидентот.

Како казна, тие, исто така, им ја потстрижале и косата.

„Талибанските војници низ целата земја ја земаат правдата во свои раце“, напиша новинарот Билал Сарвари на Твитер.

Ахмад Сармаст, основач на авганистанскиот Национален институт за музика, изрази жалење што на неговите сонародници повторно им е ускратено правото на музика.

Откако талибанците повторно ја презедоа власта во земјата, Сармаст отиде во егзил заедно со неговите 300 студенти.

Нападите врз уметниците тој ги оцени како „варварски“ чин.сд/



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.