Бројот на загинати од поплавите и одроните предизвикани од тајфунот Јаги во Бурма се искачи на 419, објави денеска владејачката хунта.

Во новиот извештај објавен денеска не се споменува бројот на исчезнати.

Според Обединетите нации, околу 887.000 луѓе биле погодени од тајфунот Јаги во Бурма.

Во 2008 година, циклонот Наргис предизвика смрт или исчезнување на повеќе од 138.000 луѓе таму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.