Зголемувањето на бројот заразени со коронавирус во Кина не би требало да има „значително“ влијание врз Европа бидејќи варијантите што циркулираат таму веќе се присутни во европскиот регион, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).
Не се очекува сегашното зголемување во Кина да има значително влијание врз епидемиолошката ситуација на Ковид-19 во европскиот регион, рече регионалниот директор на СЗО Ханс Клуге на онлајн прес-конференција.
Тој ги повика европските земји да преземат само „соодветни и недискриминаторски” мерки кон патниците од Кина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.