Бројот на смртни случаи со коронавирус во светот изминатата недела, се зголеми за 43 отсто, во споредба со претходната недела. Од друга страна, бројот на нови инфекции со Ковид-19 е за 14 отсто помал, се наведува во денешното соопштение на Светската здравствена организација (СЗО).

Минатата недела регистрирани се над 10 милиони новозаразени лица, додека над 45.000 луѓе починале.

СЗО објаснува дека поголемиот пораст на бројот на смртни случаи се должи на промената на дефиницијата за смртност од Ковид-19 во Чиле и САД, како и изменетите извештаи од Индија и регионот на Југоисточна Азија.

Според СЗО, од почетокот на пандемијата, вирусот е потврден кај речиси 482 милиони луѓе, додека повеќе од шест милиони починале.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.