Шефот на СЗО вчера пред Советот за безбедност на ОН кажа дека „нарушувањето на здравствените услуги претставува екстремен ризик за луѓето со кардиоваскуларни болести, рак, дијабетес, ХИВ и туберкулоза, кои се меѓу водечките причини за смрт во Украина“, додаде дека бегалската криза веројатно ќе го зголеми ризикот од болести како што се ковид, сипаници, пневмонија и детска парализа
Првиот човек на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејесус предупреди на катастрофалните последици од војната за украинскиот народ и тешките нарушувања во обезбедувањето здравствени услуги и залихи и нагласи дека „мирот сега е неопходен лек за спасување животи“.
Тедрос преку видео-врска пред Советот за безбедност на ОН кажа дека „нарушувањето на здравствените услуги претставува екстремен ризик за луѓето со кардиоваскуларни болести, рак, дијабетес, ХИВ и туберкулоза, кои се меѓу водечките причини за смрт во Украина“.
Шефот на СЗО дополни дека бегалството на големите маси народ во засолништа кај други, веројатно ќе го зголемат ризикот од болести како што се ковид-19, сипаници, пневмонија и детска парализа.
„Покрај тоа, повеќе од 35 000 ментални пациенти во украинските психијатриски болници и установи за долгорочна нега се соочуваат со сериозен недостиг на лекови, храна, здравствена заштита, па дури и ќебиња“, рече Тедрос.
Тедрос пред Советот за безбедност на ОН вчера изјави дека организацијата потврдила 43 напади врз болници и здравствени установи во Украина, со 12 мртви и 34 ранети, а досега СЗО испратила околу 100 тони медицински материјал во Украина, што е доволно за 4 500 ранети и 450 000 пациенти од примарната здравствена заштита за еден месец, како и друга опрема.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.