Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, порача дека откривањето на потеклото на Ковид-19 е морален и научен императив и сите хипотези мора да бидат истражени.
Гебрејесус на Твитер напиша дека разбирањето на потеклото на Ковид-19 е научен императив, бидејќи ќе помогне да се спречат нови избувнувања, но и морален императив поради милионите луѓе кои ги загубија животите.
Тедрос ја објави оваа објава по повод одбележувањето на три години откако СЗО првпат го употреби зборот пандемија за глобалната епидемија на Ковид-19.
Во 2021 година, тим предводен од СЗО помина со недели во и околу Вухан, Кина, каде беа пријавени првите случаи на човечка инфекција со корона вирусот. Во заедничкиот извештај се вели дека вирусот најверојатно бил пренесен од лилјаци на луѓе преку друго животно, но дека е потребно дополнително истражување.
Кина, сепак, соопшти дека не се потребни дополнителни посети.
СЗО оттогаш формираше научна советодавна група за опасни патогени, но се уште не се донесени заклучоци за тоа како почна пандемијата, затоа што се вели дека недостасуваат клучни податоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.