Мисијата на Светската здравствена организација стигна до северот на Газа за првпат по повеќе од две недели, изјави во денеска шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.
Мисијата испорача гориво, болнички кревети, лекови и други медицински материјали во болницата Ал-Ахли, објави Тедрос на „X“.
Тој рече дека залихите се доволни за потребите на 1.500 луѓе, но инсистираше на тоа дека е потребно многу повеќе.
-Болницата Ал-Ахли опслужува двојно повеќе од бројот на луѓе за кои е наменета, без основни хируршки материјали и плати за персоналот. Ниту една операција за спасување не може да се врши во вечерните часови поради недостиг на специјализиран кадар, рече Тедрос.
Тој додаде дека СЗО се обидува да распореди „тим за итна медицинска помош“ таму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.