Петгодишното момче Рајан, кое четири дена помина во бунар длабок 32 метри, почина кога спасувачите го извлекле од бунарот, соопштија мароканските власти.

Момчето починало пред спасувачите да дојдат кај него, изјавија владини претставници.

Како што објавија странските агенции, спасувачите со раце ги ископале последните три метри во бунарот за да не дојде до одрон.

Спасувачките служби во Мароко со денови се обидуваа да стигнат до петгодишниот Рајан, кој пред четири дена падна во јама длабока околу 32 метри.

Во комплицираната спасувачка акција беа вклучени бројни служби, а особено се стравуваше од одрони со оглед на тоа што јамата се наоѓа на свлечиште.

Теренот во тој дел бил составен од мешавина од камења и песок, па спасувачките служби морале да употребат тешка механизација за да стигнат до момчето.

Несреќата се случила кога таткото на Рајан работел на поправка на бунарот.

Кралот Мухамед Шести од Мароко ги повикал родителите на момчето за да им изрази сочувство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.