Британски товарен брод потона откако утринава се судри со друг брод во Северното Море кај германскиот брег.
Неколку луѓе се водат како исчезнати додека спасувачите очајнички бараат преживеани.
Бродовите „Полеси“ и „Верити“ се судрија во раните утрински часови на околу 22 километри југозападно од островот Хелиголанд, соопшти германската централна команда за поморски вонредни ситуации.
Еден од бродовите „Верити“, кој пловел под британско знаме, потонал, пишува Дејли мејл.
Од командата за итни случаи соопштија дека едно лице е извлечено од водата и дека му е укажана лекарска помош, а спасувачите трагаат по уште неколку лица кои се исчезнати.
Се наведува дека бродот тргнал од Бремен во Германија за англиското пристаниште Имингем.
Вториот брод „Полеси“, кој пловел под знамето на Бахамите, останал на површина со 22 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.