Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ги потврди загубите на украинските сили во офанзивата и порача дека НАТО ќе даде јасен сигнал дека е подготвен да ја прифати Украина во Алијансата.

Во своето обраќање, Столтенберг изјави дека (значајните) загуби на Киев за време на офанзивата се очекувани.

Тој додаде дека на следниот самит на Алијансата ќе биде испратен јасен сигнал за подготвеност за вклучување на Украина по завршувањето на непријателствата.

Таму, членките на алијансата ќе разговараат за создавање на Советот НАТО-Украина, каде што Киев ќе може подеднакво да учествува во одлучувањето. Во овој формат во дискусијата може да учествуваат 32 земји – 31 членка на алијансата и Украина како рамноправен учесник, изјави генералниот секретар на НАТО.

На 15 јуни министрите за одбрана на НАТО ќе разговараат за долгорочната програма за воена помош на Киев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.