НАТО ќе распореди четири нови борбени групи низ Бугарија, Унгарија, Романија и Словачка, соопшти денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, како дел од одговорот на Алијансата на руската инвазија врз Украина, јави ДПА.

НАТО веќе има борбени групи во Естонија, Летонија, Литванија и Полска.

Ова значи дека ќе имаме осум мултинационални борбени групи на НАТО долж источното крило од Балтикот до Црното Море, изјави Столтенберг пред вонредниот самит на НАТО закажан за утре.

„Се соочуваме со нова реалност за нашата безбедност, така што ние мораме на подолг рок да ги ресетираме нашите можности за одвраќање и одбрана“, додаде Столтенберг.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.