Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска упати апел за продолжување на примирјето помеѓу Израел и Хамас.

Повикувам на продолжување на паузата. Тоа ќе дозволи достава на помош за луѓето во Газа и ослободување на поголем број заложници, истакна Столтенберг.

Примирјето стапи во сила на 24 ноември и денеска е последен ден, но се поголеми се навестувањата дека истото ќе биде продолжено.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.