Извор од затворот во Арктичкиот круг, каде што рускиот опозициски лидер Алексеј Навални беше прогласен за мртов минатиот петок, тврди дека критичарот на политиката на претседателот Владимир Путин „веројатно бил убиен со еден удар во срцето“, техника што ја користи КГБ.

Владимир Осечкин, руски дисидент и активист за човекови права, кој смета дека модринките пронајдени на телото на Навални одговараат на последиците од методот на егзекуција „еден истрел“.

– Тоа е стар метод на специјалните одделенија на КГБ. Тие тренираат оперативци да убијат човек со еден удар во срцето, во централниот дел од телото. Тоа е белег на КГБ – изјави Осечки за британски Тајмс.


Ошечкин тврди дека Навални бил принуден да помине меѓу два и пол и четири часа во самица на отворено каде температурата се спуштила на минус 27 Целзиусови степени пред неговата смрт.

– Мислам дека прво го уништија телото така што го држат долго време на студ и му ја успорија циркулацијата на крвта на минимум. И тогаш станува многу лесно да се убие некого, во рок од неколку секунди, ако оперативецот има одредено искуство со тоа – смета Осечкин.

„Дејли мејл“ потсетува дека, пред да стане шеф на Русија, Путин служел во КГБ околу 15 години како офицер задолжен за странско разузнавање и се пензионирал во 1990 година со чин потполковник.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.