Третата рунда од преговорите за сопирање на огнот меѓу Русија и Украина треба да се одржат на почетокот на следната недела, соопшти украинскиот преговарач, Михаил Подолјак, објави Ројтерс, повикувајќи се на белоруската агенција Белта.

Русија и Украина се договорија да ја одржат третата рунда од преговорите „што поскоро“ – соопштил Подолјак, кој е советник на украинскиот претседател, Володимир Зеленски и член на делегацијата на Украина на преговорите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.