Иранската Црвена полумесечина испрати беспилотни летала за да помогне во лоцирањето на хеликоптерот. Хеликоптерот со иранскиот претседател Ибрахим Раиси (63) грубо слетал, објави во неделата државната телевизија, додавајќи дека на местото на инцидентот биле испратени дури 16 спасувачки екипи. Несреќата се случила во областа Калибар и Варзган.

Со Раиси патуваа иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан, гувернерот на иранската провинција Источен Азербејџан и други официјални лица, објави државната новинска агенција ИРНА.

Еден функционер на локалната власт го употреби зборот „несреќа“ за да го опише инцидентот, но тој призна за еден ирански весник дека допрва треба да стигне до местото.

Раиши беше во Азербејџан рано утрово за да пушти во употреба брана со претседателот на Азербејџан Илхам Алиев.

Браната е трета што двете нации ја изградија на реката Арас.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.