Поранешниот агент на ЦИА, Едвард Сноуден изјави дека не планирал да остане во Русија. Првично, не планирал да остане во Русија, но другите земји не можеле да ја осигураат неговата безбедност.

Во принцип, не планирав да останам во Русија, тоа беше само една станица на патот кон Латинска Америка, со оглед на тоа што Јужна Америка покажа отвореност кон свиркачите во минатото – објасни тој.

Тој објасни дека за време на неговиот 40-дневен престој во транзитната зона на аеродромот „Шереметјево“ пристапил до многу земји за да добие политички азил, но некои земји се плашеле од реакцијата на САД, а други не биле сигурни дали можат да ја обезбедат неговата безбедност.

Немав избор и побарав азил во Русија и го добив – рече Сноуден.

Во јуни 2013 година, Сноуден иницираше голем меѓународен скандал, тој им предаде на „Вашингтон пост“ и „Гардијан“ тајни документи за програмите за следење на специјалните служби на САД и Велика Британија на Интернет. Потоа одлета за Хонг Конг, а оттаму во Москва, каде извесно време беше во транзитната зона на аеродромот Шереметјево.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.