Снимка од Владимир Путин повторно ги разгоре сомнежите дека рускиот претедател има големи здравствени проблеми. Станува збор за видео кое се прошири во јавноста деновиве, а е направено при посетата на белорускиот претседател Александар Лукашенко во Кремљ во февруари.

Камерите го забележаа неконтролираното тресење на раката на Путин, пред да ја пружи за поздрав. Ова уште толку ги подгреа гласините дека има Паркинсонова болест или рак.

Неодамна беше објавено видео на кое се гледа како Путин ги гризе усните за време на црковната служба во неделата. Тоа видео дополнително ги поттикна тврдењата дека рускиот претседател боледува од некоја потешка болест.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.