Портпаролката на словачкото министерство за одбрана, Мартина Ковал-Какашикова, соопшти дека Словачка води интензивни преговори со ЕУ за компензација за воениот материјал дониран за Украина, пред се за системот за воздушна одбрана С-300.

Словачка досега и обезбеди на Украина воен материјал во вкупен износ од околу 62 милиони евра, како и систем за противвоздушна одбрана С-300 во вредност од околу 68 милиони евра – изјави Ковал-Какашикова, додавајќи дека преговорите за можноста за компензација се во тек.

Според неа, оценувањето на барањата за надомест во рамките на ЕУ се одвива во неколку фази.

Конечниот резултат од барањето ќе зависи од вкупниот број на такви побарувања од земјите-членки на ЕУ и висината на нивните побарувања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.