Шефот на британската кралска морнарица нареди истрага за обвинувањата за насилство и сексуално малтретирање на жени во Подморничката служба, јави Би-би-си. Неколку свиркачи кои служеа во флотата, за Дејли мејл тврдат дека се соочиле со лошо однесување на офицери во нивните редови.
Адмирал сер Бен Ки, шеф на поморскиот штаб, ги нарече тврдењата „ужасни“, додавајќи дека „за секасуално малтретирање нема место во кралската морнарица и тоа нема да биде толерирано“.
-Ќе сноси последици секој, за којшто ќе се докаже дека е виновен, нагласи тој.
Една жена за Дејли мејл изјави дека била сексуално нападната од машко лице од повисок ранг, додека спиела. Исто така, според нејзините зборови, еден висок офицер ја удрил по бубрег.
Таа раскажува дека друг колега оставил голи фотографии од модели за неа, како и пари во нејзината кабина, со сугестија дека таа треба да му возврати со секс.
Други жени тврдат дека често им било барано да имаат сексуални акти и неретко им викале со повисок тон и ги удирале со канцелариски материјали. Насилството наводно се случува повеќе од една деценија. Забраната за регрутирање жени беше укината во 2011 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.