Ситуацијата околу Бахмут останува сложена, но украинските сили ги спречуваат руските обиди да го заземат градот, изјави денеска командантот на украинските копнени сили, генерал-полковник Олександр Сирски.

„Ситуацијата околу Бахмут останува сложена“, напиша Сирски на апликацијата Телеграм на украинскиот медиумски воен центар.

„Сите обиди да се заземе градот се одбиени со артилериски оган, тенкови и друга огнена моќ“, додаде тој.

Борците на приватната руска воена компанија „Вагнер“ „напаѓаат од различни страни, се обидуваат да ја пробијат нашата одбрана и да напредуваат кон централните области на градот“, додаде Сирски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.