Украина најави привремено затворање на своите четири главни поморски пристаништа како формален чин, откако ја загуби контролата над нив од руските сили.
Пристаништата Бердјанск, Мариупол, Скадовск и Херсон ќе бидат затворени „додека Украина не ја врати контролата врз нив“.

„Оваа мерка е предизвикана од неможност за сервисирање на бродови и патници, товар, транспорт и други, економски, поврзани активности како би се обезбедило и соодветно ниво на безбедност на превозот и усогласеност со меѓународните договори“, соопшти ресорното министерство.

Претседателот на Украина Володимир Зеленски предупреди дека Украина би можела да загуби десетици милиони тони жито поради тоа што Русија ги контролира бродските патеки во Црното Море.

ОН предупреди дека војната на Русија против Украина може да предизвика голема криза со храна која ќе влијае на Европа, Азија и Африка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.