Сирија соопшти дека прашањето за уништувањето на градот Рака и убиството на илјадници невини луѓе од страна на нелегитимната коалиција предводена од САД не го добило потребното меѓународно внимание.
Како што порачуваат од официјален Дамаск, овие акции биле и ќе останат едно од најлошите злосторства што некогаш се случиле, меѓународната заедница не е запознаена со нив.
Дојде време да се расветли ова хуманитарно, политичко и правно прашање – се наведува во официјалната порака испратена до генералниот секретар на ОН и претседателот на Советот за безбедност за воените злосторства извршени од таканаречената меѓународна коалиција во Рака во 2017 година.
Од сириското министерство додаваат дека американската воена операција, помогната од нелегитимна меѓународна коалиција, во градот Рака извршена меѓу јуни и октомври 2017 година, довела до целосно уништување на овој град и убиство на илјадници цивили чии тела биле затрупани под урнатините.
Сирија истакнува дека верува оти истата оценка ќе се примени и за воените злосторства извршени од меѓународната коалиција и милициите на КСД поврзани со САД во селото Ал-Багуз во Деир ез-Зор во 2018 и 2019 година, бидејќи ова село беше целосно уништено при што воени авиони на нелегитимна коалиција на 18 март 2019 годинаизвршија масакр на конвој од 80 жители кои се обидувале да побегнат на безбедно.
Американски официјални извори го признаа убиството и ранувањето на 240 цивили во Рака од 38 различни инциденти предизвикани од американските воени операции, додека невладините организации ги проценија жртвите во Рака на 774 убиени – се вели во пораката, јави САНА.
Тие бројки потврдуваат дека САД и нивните сојузници извршиле воени злосторства и злосторства против човештвото.
Министерството соопшти дека ќе продолжи да го покренува прашањето за Рака, Ал-Багуз и браната Еуфрат, како и другите сириски региони кои беа целосно или делумно уништени и во кои цивилите беа намерно цел на меѓународната коалиција предводена од САД.
Сирија го задржува правото да верува дека владите на земјите кои беа вклучени во „меѓународната коалиција“ имаат политичка, морална и правна одговорност за злосторствата извршени од воените сили и за загубите и штетите што влијаеле на приватниот и јавниот имот – се наведува во пораката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.