Силен ракетен напад е извршен врз Ерусалим и Тел Авив, поради што пратениците од Кнесетот сред седница морале да одат во засолништа.
Сирените за воздушен напад се огласиле во Ерусалим и Тел Авив, а членовите на палестинската милитантна група Хамас од Појасот Газа лансираа ракети со долг дострел.
„Тајмс оф Израел“ наведува дека ова е веројатно најголемата канонада од баражен ракетен оган од првиот напад на Хамас на 7 октомври. Неколку силни експлозии се слушнале во двата најголеми града во Израел, но засега нема извештаи за повредени или материјална штета.
Седницата на Кнесетот, на чиј почеток зборуваше премиерот Израел, Бенјамин Нетанјаху, е одложена, а пратениците и останатите присутни отидоа во засолништа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.