Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, пред состанокот на министри за енергетика на Европска Унија, што се одржува во Луксембур, порача дека унгарската Влада одбива да дебатира за можноста за воведување ембарго на руски природен гас.

Сијарто додаде дека Унгарија не се согласува на компромис за безбедноста на снабдувањето со гас.

Ембаргото на рускиот гас ќе ја разниша економијата и способноста за функционирање на земјата – посочи Сијарто.

Тој најави дека на средбата ќе се разговара и за формирање на заедничка платформа за набавка на енергија.

Не ни пречи што ЕУ бара нови извори на гас, но учеството во тоа мора да биде доброволно. Ниту една обврска за набавка не може да им се наметне на земјите-членки – наведе Сијарто.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.