Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто ги предупреди членките на НАТО да не влегуваат во директен конфликт со Русија.
„Според сегашниот аранжман, НАТО не е вклучен во војната во наша близина. Така е сега. Директен конфликт меѓу НАТО и Русија би довел до нова светска војна“, напиша Сијарто на Фејсбук по средбата со генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг во Брисел.
Унгарската влада по почетокот на конфликтот во Украина најави дека нема да испраќа оружје во Киев и повика проблемот да се решава исклучиво со мирни средства.
Тој став Сијарто го повтори и вчера на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.
Шефот на унгарската дипломатија додаде дека Унгарија одбила да учествува во заедничкото финансирање на снабдувањето со муниција за украинската армија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.