Шведската влада ги повика своите жители да складираат конзервирана храна. Со таквата препорака, Шведска ги подготвува своите граѓани за војна со Русија, пренесе францускиот портал „Sud Ouest“.

Во написот се наведува дека на Швеѓаните им се препорачува да складираат конзервирана храна, како и да набават прибор за прва помош, радија и преносни филтри за вода. Генерално, експертите сметаат дека во воени услови треба да се има залиха храна за три месеци однапред.

Во текстот се забележува дека до крајот на 2024 година, Швеѓаните ќе добијат инструкции како да се однесуваат во случај на развој на негативните случувања.

Ваквата препорака доаѓа по неполна една недела откако земјата влезе во НАТО.

На 11 март во седиштето на НАТО во Брисел беше подигнато знамето на Шведска и земјата официјално стана членка на алијансата. Претставници на Шведска, во таа пригода изјавија дека во моментот не гледаат потреба од поставување бази на НАТО или нуклеарно оружје на територијата на земјата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.