Шведска, по два века неутралност и две години откако аплицираше, денеска и официјално ќе стане 32-та членка на НАТО, што е голем чекор за земја која досега се придржуваше до воено неврзување за да не го навлече гневот на Москва.
Шведскиот премиер Улф Кристерсон во Вашингтон официјално ќе му ги предаде документите за ратификација на шефот на американската дипломатија, Ентони Блинкен, до кои земјата стигна по долги натегања со одделни членки на Алијансата.
Сино-жолтото шведско знаме во понеделник треба да биде подигнато пред седиштето на НАТО во Брисел.
Минатата недела Русија вети дека ќе преземе „контра мерки“ како реакција на пристапувањето на Стокхолм во Алијансата, што ќе зависи „од условите и опсегот на интеграцијата на Шведска во НАТО“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.