Граѓаните на Швајцарија би требало да размислат за тоa дома да имаат свеќи за случај на повеќечасовен прекин на струјата.

Ова го порачува шефот на енергетскиот регулатор (Елком) Вернер Лугинбил за НЗЗ.

Во Швајцарија се подгортуваат за хаос во врска со струјата од есен, па на граѓаните им порачува дека в зима, мора да сметаат во најлош случај, дека струјата ќе биде исклучена.

Советувам да имате доволно свеќи во куќата. кој има печка на дрва, треба да има доволно дрва“, рече тој.

Укажа на тоа дека политиката на предупредувања „Елком“ последните години ја сфаќа несериозно.

Доколку дојде до недостаток на струја, швајцарските власти подготвија мерки, како што се намалување на уличното осветлување, гасење на осветлувањето во излозите, но и светлечките реклами.

Се разгледува и воведување забрана за користење уреди за правење снег, како и продажба на греалки на струја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.