Швајцарија објави план за заштеда на гас од 15 отсто за претстојната зимата, во време кога Европа се соочува со потенцијален недостиг на гас како резултат на војната во Украина, соопшти денеска владата.
Иако гасот сочинува помал дел од потрошувачката на енергија во Швајцарија во споредба со другите европски земји, три четвртини од годишната потрошувачка доаѓа во зимските месеци.
Швајцарија има за цел да користи 15 отсто помалку гас во споредба со нејзината просечна потрошувачка во последните пет години од октомври 2022 до март 2023 година, соопшти владата.
Областа со најголем потенцијал за заштеда на енергија е греењето, соопшти Владата, препорачувајќи им на граѓаните да ги намалат температурите во зградите и канцелариите.
Швајцарија би го почувствувала директното влијание на каков било европски недостиг, што би ѝ отежнало на земјата, која мора да го увезува целиот свој гас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.