Не престануваат гласините за можното нарушено здравје на рускиот претседател и иницијатор на инвазијата на Украина, Владимир Путин. Објавена е нова снимка од средбата на Путин со белорускиот диктатор Александар Лукашенко. На видеата се гледа необичната „работа на нозете“ на рускиот претседател.

Видеото брзо се прошири на социјалните мрежи. Некои од корисниците се прашуваа дали рускиот претседател боледува од Паркинсонова болест или испраќа сигнали со Морзеова шифра.

Еден корисник напишал дека седум години се грижел за својот татко, кој на крајот починал од Паркинсонова болест и дека, според него, ова дефинитивно изгледа како почетна фаза на оваа тешка болест.

Сепак, Русија негира какви било здравствени проблеми на нејзиниот претседател, физички и психички.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.