Поранешниот германски канцелар, Герхард Шредер ќе биде дополнително казнет бидејќи не сака директно да ја осуди руската инвазија на Украина, јавија германски медиуми.
Германската владеачка коалиција, што ја водат социјалдемократите, партија каде член е и Шредер и што некогаш ја водеше, ќе му ги одземе посебните права што ги има како поранешен канцелар.
Тој ќе остане без канцеларија и вработени, по предлог на Владата, што треба да го одобри Комисијата за буџет во текот на утрешниот ден.
Шредер ја задржува пензијата и личната заштита.
Конзервативната опозиција побара Шредер да остане и без пензија. Опозицијата тврди дека тој му штети на германскиот углед во светот, затоа што не се дистанцираше од рускиот претседател Владимир Путин и бидејќи ги задржал своите должности во руски енергетски компании.
Шредер беше канцелар од 1998 до 2005 година, последен социјалдемократ на чело на Германија, пред сегашниот, Олаф Шолц.
Потоа, меѓу другото, работеше и за Северен тек, Газпром и Роснефт.
Раководството на партијата побара од него да ја напушти. Поединци бараа Шредер да се исфрли од партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.