Шпанија е шестата земја од ЕУ која протерува руски дипломати, како реакција по наводните убиства на цивили од страна на руските сили во Украина.

Министерот за надворешни работи на Шпанија Хозе Мануел Албарез изјави дека очекува Русија да одговори со протерувања шпански дипломати.
Одлуката на Мадрид да протера 25 дипломати и вработени во амбасадата на Русија следува по сличните потези на Германија, Франција, Италија, Шведска и Данска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.