Германскиот канцелар Олаф Шолц се изјасни за вклучување на Русија во мировниот процес за Украина.

Точно е дека мирот во Украина не може да се постигне без вклучување на Русија, нагласи Шолц на мировната конференција во Швајцарија што се одржува денеска.

Во исто време тој ја повика Русија целосно да се повлече од териториите што ги контролира.

Русија би можела да ја заврши оваа војна денеска или во секое време, доколку ги запре нападите и ги повлече своите трупи, додаде Шолц.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.